Тензии меѓу Германија и САД поради претстојното повлекување на војници

Германија не е задоволна поради претстојното повлекување на американски војници од земјата што се гледа и од официјална изјава на германската министерка за одбрана Анегрет Каренбауер, јавија светските медиуми.

Висок американски функционер кон крајот на минатата недела изјави дека Доналд Трамп наредил од Германија да се повлечат 9.500 американски војници. Во моментов во земјата има околу 35.000 војници – што е најголемиот американски контингент во Европа. Иако сè уште е непотврдена, оваа одлука на Вашингтон е уште една епизода во затегнатите односи меѓу Германија и САД за време на мандатот на Доналд Трамп, коментираат медиумите.

– Пред се, досега нема официјална потврда од релевантните власти во САД дали овие планови ќе бидат спроведени или не. Засега, имам само информации од медиумите. Не сакам да шпекулирам за нешто за што немам потврда. Факт е дека присуството на американски трупи во Германија служи за целокупната безбедност на НАТО, вклучително и безбедноста на САД, рече Каренбауер.

– Ги следам тие односи во последните 35 години од мојот професионален живот. Не можам да се сетам на пониска точка во напите односи од сегашната. Доналд Трамп во лицето на Ангела меркел не гледа ништо друго освен системски ривал, изјави Томас Клајн-Брокхоф, потпретседател на германскиот Фонд Маршал.

Треба да знаете
Последни објави