Британската нафтена компанија ќе укине 10.000 работни места

Британската нафтена компанија БП ги објави плановите за намалување на 10.000 работни места, бидејќи цените и побарувачката за „црното злато” во светот опаднаа поради корона-кризата.

Нафтениот гигант на вработените им порача дека 15 отсто од постојните работни места ќе бидат скратени до крајот на годината, од кои речиси 2.000 во Велика Британија.

Извршниот директор Бернард Луни како причина за отпуштањата го посочи падот на цената на нафтата.

– Цената на нафтата значително опадна под нивото што ни овозможува да работиме со загуба. Ние трошиме многу, многу повеќе отколку што заработуваме. Јас зборувам за милиони долари секој ден, наведува Луни во е-маил порака до вработените. 

Треба да знаете
Последни објави