(Видео) Седуммина застрелани за 10 минути во три одделни престрелки во Бруклин

Седум лица се повредени во три престрелки во период од само 10 минути во понеделникот вечерта во различни делови во Бруклин, соопшти полицијата за „Њујорк пост“.

Пукањето започнало околу 22.40 часот на улицата „Бајнбриџ“ во близина на булеварот „Малколм Окс“ во Бедфорд-Стујвесант, соопшти полицијата.

Двајца мажи на возраст од 27 и 34 години се застрелани во нозете. Тие биле однесени во болницата во округот Кингс и се очекува да преживеат. Помалку од пет минути подоцна, еден 35-годишен маж е застрелан на авенијата „Флетбуш“.  И тој бил однесен во болницата во округот Кингс.

На крај, околу 22.50 часот, четири лица – жена и тројца мажи – биле фатени во престрелка на улицата „Бристол“, соопштија властите и сведоците. Жената ( 23) е во критична состојба, а мажите – на возраст од 17, 35 и 50 години – се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.

Роберт Грин (55), кој бил сведок на пукањето во Браунсвил, изјави дека толку многу истрели биле истрелани што тој престанал да брои. Грин рече дека видел дека брзата помош одвела три лица – една жена и двајца мажи – и дека жената е најсериозно повредена.

„Можев да видам дека дише, но не се движеше“, рече тој.

Последните пукања во понеделникот се случија откако градот минатата недела го зголемија бројот на убиства и престрелки во споредба со истиот период минатата година. Од минатиот понеделник до неделата навечер во градот имало 13 убиства, во споредба со пет убиства во текот на истата недела минатата година, соопштија извори од полицијата.

Градот регистрирал 40 престрелки минатата недела – најмногу во една недела од 2015 година. Во истиот временски период во 2019 година имало 24 престрелки, велат изворите.

Треба да знаете
Последни објави