Владата на седница во 14 часот ќе одлучува за полицискиот час

Денеска, (вторник, 9.6.2020 година), со почеток во 14:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.

На 63-тата седница, меѓу другото, на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.
Како што информираа вчера од владата, денеска се очекува Комисијата за заразни болести да изнесе предлог мерки за спречување на заразата со Ковид 19, а се предлага полициски час во жариштата од 22 до 5 часот.
Треба да знаете
Последни објави