Јапонските власти ги советуваа граѓаните дека и покрај пандемијата на коронавирусот, треба ги симнуваат своите заштитни маски секогаш кога е можно поради високите температури и високата влажност.
Јапонската телевизија НХК објави рекордни температури од 30 до 35 Целзиусови степени во разни делови на земјата.
Властите ги предупредија граѓаните да избегнуваат напорно вежбање и да пијат многу течности за да избегнат дехидрираност и проблеми со циркулацијата.
Летата во Јапонија стануваат сè потопли, а тоа ги загрижува и организаторите на Олимписките игри, кои се одложени поради коронавирусот и се преместени за јули 2021 година – најтоплото време во годината.