ВМРО-ДПМНЕ повторно со методите на Груевски, удира по невладините организации и се што е израз на граѓанството и слободата

Реакција, на прес-конференција  на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

 
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Иванка Василевска очигледно мислат дека се уште живееме во време на режимот на Никола Груевски, кога со парите на граѓаните ги полнеа своите и џебовите на нивните инструментализирани и партиски организации, поткупуваа медиуми, правеа предизборни поткупи, додека во меѓувреме вршеа притисоци кон невладини организации и слободумни граѓани.
Научени на таа матрица ВМРО-ДПМНЕ денес во се гледа наводни скандали. Лица кои на 27 април биле замешани во насилствата, денес од партиски прес-конференции продолжуваат да ги напаѓаат невладините организации.
По којзнае кој пат се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што парите од Буџетот не одат во белиот дворец туку се користат за интересите на граѓаните.
Таа корумпирана политика на ВМРО-ДПМНЕ е поразена и заменета со одговорна власт, која транспарентно работи во интерес на граѓаните.
Ширењето лажни вести, одржувањето на неаргументирани и неточни прес-конференции е дел од  политикантсвото на Мицкоски, кој единствено што правеше изминатиов период беше да работи на штета на интересите на граѓаните.
Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да биде одговорна партија и затоа постојано се обидува да ја влече државата назад.
Но, ние тоа нема да го дозволиме. Заедно со граѓаните ќе ја надминеме и оваа здравствена криза и ќе продолжиме успешно по патот на развојот и напредокот.
Треба да знаете
Последни објави