Епидемиолошката систуација во Србија не е подеднаква на целта територија од земјата. Според епидемиологот и член на Кризниот штаб во борбата со пандемијата од коронавирусот Предраг Кон постојат небезбедни региони кога станува збор за вирусот, како Нови Пазар и Тутин каде се појавиле нови жаришта со болеста.
На другите делови од Србија според Кон ситуацијата е стабилна, со локални ексцесни ситуации. Како пример го посочува и Белград, каде во студентски дом се регистрирани 15 случаи.
-Ова ни кажаува дека вирусот сеуште постои и циркулира меѓу луѓето. Но сите тие се поединечни случаи. Не знаеме како се инфицирани. Ги истражуваме нивните контакти и трагаме да откриеме евентуално некоја група на инфицирани. Тоа не е класичо жариште, но не можеме да кажеме и тоа дека ситуацијата целосно е поволна -вели Кон за српските медиуми.