Експресна промена во правилата за Купот на Италија

Претстојниот реванш на турнирот за Купот на Италија ќе се одржи под променети правила, открива „Кориере дело Спорт”. Идејата е да нема продолженија, туку да се оди директно на извршување на пенали. Се очекува официјална потврда.

Ова е направено за да не се преоптоваруваат играчите по долгата пауза и недоволното време за целосни подготовки.

Во петокот Јувентус е домаќин на Милан по 1:1 во првиот судир, а еден ден подоцна Наполи го пречекува Интер по победата од 1:0 на „Меаца”.

Финалето на турнирот е следната среда (17 јуни), а и во него нема да има продолженија.

Треба да знаете
Последни објави