Францускиот актер Жан-Пол Белмондо (87), по кој лудуваа дамите од целиот свет, во деветтата деценија од животот изгледа сосема поинаку.
Актерот е фотографиран во Париз, каде што присуствувал на проштална церемонија за својот покоен пријател Ги Бедос, од кого се збогувал во таа пригода.
Кога ја напуштил црквата, Жан-Пол не можел да оди, па две момчиња практично го однеле до автомобилот. Тој бил облечен во елегантен црн костум, а на лицето имал заштитна маска.
Белмондо почнал да глуми уште во 1956 година, а станал познат во филмовите на т.н. нов бран во 60-тите. Тој добил светска слава во седумдесеттите години играјќи во акциски филмови.
Негови најпознати филмови се: „До последниот здив“ и „Човекот од Рио“. Тој бил во брак двапати, со Елоди Константин и Натали Тардивел.
Тој исто така бил во врска со девојката на Бонд, актерката Урсула Андрес, како и со италијанската колешка Лаура Антонели.