Израелските доселеници сметаат дека со анексијата на Западниот Брег им се дава премногу на Палестинците

За левичарите, планот на Израел да апсорбира делови од Западниот Брег ќе ѝ наштети на палестинската државност, но дури и израелските доселеници на територијата изгледаат незадоволни од планот, изјавувајќи за РТ дека од овој потег ќе се добие малку.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака да стави околу 30 отсто од Западниот Брег под постојана израелска контрола, но Израелците кои живеат во таа област велат дека договорот, кој би им дал на Палестинците ограничена државност ако исполнат одредени услови, е всушност лош за контроверзните населби.

Доселниците во Елон Море изјавија за РТ дека животот ќе им стане невозможен затоа што нивната заедница во суштина ќе стане енклава во центарот на палестинската држава.

„Нема да можеме да се движиме без воена придружба. Ќе има повеќе бомби, повеќе пукања…“, посочи една Израелка.

Израелскиот активист Боаз Хаетни го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го преиспита неговиот т.н. „договор на векот“. Тој вели дека суверенитетот за населбите на Западниот Брег е можеби целта, но дека Израел не треба да прифаќа преостанатите 70 отсто од земјата да стане територија управувана од Палестинците.

Со сличен став е и Бени Кацовел, поранешен шеф на Регионалниот совет на Самарија, кој за РТ изјави дека Трамп покажал поголема поддршка за Израел отколку неговите европски колеги, но дека тој им дава на Израелците повеќе опасност отколку добри работи.

Бидејќи десничарските доселеници се спротивставуваат на овој потег, се чини дека Нетанјаху сега се соочува со широк отпор за неговите планови.

Во саботата, илјадници демонстранти од левицата се собраа во Тел Авив за да ја осудат анексијата. Еден од организаторите на протестите, член на Кнесетот, Нитзан Хоровиц, рече во обраќањето дека заземањето на територијата ќе претставува воено злосторство што ќе доведе до крвопролевање.

Треба да знаете
Последни објави