Иран ќе го погуби агентот на ЦИА кој им помогнал на Американците да го убијат Солејмани

Судот во Техеран осуди на смрт Иранец осомничен дека им ја кажал на Американците местоположбата на Касем Солејмани, славниот командант наа елитните ирански сили Ал Кудс, кој загина во ракетен напад од страна на САД претходно годинава, пренесува РТ.

Махмуд Мусави-Мајд, како што е идентификуван од портпаролот на иранското судство, е осуден на смртна казна од револуционерениот суд. Мајд, за кој се вели дека работел за американската ЦИА и израелската тајна служба Мосад, бил изворот на информации за локацијата на Касем Солејмани.

Генералот Солејмани, кој се прослави време на војната Иранско-ирачката војна во 1980-тите, ги предводеше силите „Кудс“ – најтаинствениот дел на ИРГЦ – од 1998 година до неговата смрт во јануари 2020 година.

Тој беше убиен во таргетиран ракетен напад додека патувал од аеродромот во Багдад со неколку свои помошници и команданти на ирачките шиитски милиции. Техеран се заколна дека ќе се одмазди за убиството на Солејмани уште пред тој да биде погребан во неговиот роден град Керман.

На 8 јануари, Иран лансираше серија проектили кон две бази во кои се сместени американските трупи на ирачка почва. Нападот, гледан како предупредувачки потег од Техеран, предизвика оштетување на воената опрема, но не предизвика човечки жртви, иако кај повеќе од 100 војници подоцна, според Пентагон, биле дијагностицирани повреди на мозокот.

Техеран го известил Багдад пред нападот, а раното предупредување, наводно, било проследено до американската војска.

Вашингтон подоцна ја бранеше одлуката за атентат врз Солејмани, тврдејќи дека генералот заговарал напади врз американските сили и имал ужасно минато. Сепак, американскиот секретар за одбрана на САД призна дека не видел никакви конкретни докази што укажуваат дека тие напади биле со сигурност планирани.

Треба да знаете
Последни објави