Според извештајот на Институтот за јавно здравје, од 127 заразени со Ковид 19 завчера, најзастапена е возрасната група од 40 до 49 години со 27 позитивни, а дури 51 од новозаразените кажале дека немале контакт со познат носител на вирусот.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.
Најмногу активни случаи има во Чаир-192, Штип -169 и Куманово-139.
Заклучно со 07.06.2020, пријавени се вкупно 3.152 случаи на COVID-19 (I=151,7/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.
Од епидемиолошки обработените случаи (n=3.141), 101 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 06.06.2020. Вкупно 1.846 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 07.06.2020 тестирани се вкупно 37.027 материјали (детектирани 3.152 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 17.895 тестови на 1.000.000 жители.
Според исходот од заболувањето, 1.343 лица (42,6%) се активни случаи, 1.653 случаи (54,4%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување