Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје

„Израел нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека меѓународната заедница мора да им се приклучи на САД и повторно да воведе строги санкции за Техеран, пренесува „Брејтбарт“.

Неговите забелешки доаѓаат во пресрет на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), во кој се вели дека Иран одбивал да им дозволи на инспекторите пристап до непријавени воени локации на кои Исламската Република врши тајна воена нуклеарна активност.

„Иран систематски ги прекрши своите заложби криејќи ги местата и збогатувајќи материјал за физија и изврши други прекршувања“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот.

„Верувам дека времето дојде и помина, но реалноста секако бара, во светлина на овие откритија, меѓународната заедница да им се приклучи на САД и повторно да наметне парализирачки санкции за Иран“, додаде тој.

Нетанјаху додаде дека ни малку не ја намалиле решеноста да дејствуваат против агресијата на Иран.

„Повторувам: Израел нема да дозволи Иран да дојде нуклеарно оружје и ќе продолжи да делува методично против обидите на Иран за воено вметнување на нашите граници“, изјави израелскиот премиер.

Во извештајот испратен до земјите-членки, ИАЕА во петокот рече дека сериозно е загрижена бидејќи повеќе од четири месеци Иран ѝ негирал пристап на Агенцијата до две локации, најверојатно користени за складирање или обработка на нуклеарен материјал.Едно од местата е можно да било користено во минатото за обработка на ураниумска руда, вклучително и флуоризација, соопшти агенцијата на ОН.

ИАЕА дополнително предупреди дека Иран складирал речиси осум пати повеќе збогатен ураниум од дозволеното со нуклеарниот договор од 2015 година. Според договорените граници, на Иран му било дозволено да складира 300 килограми збогатен ураниум, но заклучно со 20 мај, имал  1.571,6 килограми.

Треба да знаете
Последни објави