Палестинците испратија одговор на американскиот блискоисточен мировен план, според кој делови на Западниот Брег ќе бидат анектирани од Израел, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Штаје.
– Пред неколку денови и дадовме контрапредлог на „четворката”, истакна Штаје, алудирајќи на САД, Русија, ОН и ЕУ.
Тој нагласи дека е предложено создавање „суверена палестинска држава, независна и демилитаризирана” со „незначителни измени на границите, каде што е потребно”.