Поради дозвола да се одржи концерт на хрватскиот пејач Томпсон, опозицијата во Словенија ќе покрене интерпелација за првиот човек на полицијата Алеш Хојс. Од Социјал-демократската партија (СД) сметаат дека дозволата да се одржи концерти на Томсон, за кој многумина сметаат дека текстовите во неговите песни се националистички е доволно да се побара одговорност од министерот.
– Одликата на министерот Хојс за жал се коси со вредностите која ги заговара нашата партија и поради тоа се решивме да поднесеме предлог за интерпелација, изјави Матјаж Хан од СД.
И другите опозициски парламентарни партии најавија дека ќе ја поддржат интерпелацијата.
Министерот Хојс кажа дека ќе прочита интерпелацијата кога ќе ја добија, а медиумите оценуваат дека неговата позиција е сигурна, бидејќи владината коалиција има мнозинство во Собранието.