Почина претседателот на Бурунди

Почина претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза, објави на Твитер владата на средноафриканската држава.

„ Владата на Република Бурунди со големо жалење објавува дека неочекувано почина неговата екселенција Пјер Нкурунзиза, претседател на Бурунди“ соопшти владата, додавајќи дека 55-годишниот Нкурунзиза починал од срцев удар.

Бурунди минатиот месец избра нов претседател, генералот во пензија Еваристеа Ндауишимија, кандидат на владејачката партија ЦНДД-ФДД.

Нкурунзиза во земјата и во странство беше обвинет за политичка репресија. По 15 години владеење, тој требаше да се повлече од функцијата во август годинава.

Треба да знаете
Последни објави