За едно деноноќие има 127 нови заболени и 3-ца починати а Македонија е најнебезбедна земја во Европа по справување со епидемијата
Нов ден, нови црни биланси во Македонија од епидемијата со корона вирусот. Со нив бројката надмина 3.150 заразени и за жал имаме 156 починати од корона вирус.
Во ваква ситуација СДСМ и Заев уште зборуваат за избори на 5 јули. Навистина срамно.
Македонија е рекордер во регионот на милион жители и по број на заразени и по број на починати лица. Од друга страна веќе сме рангирани на 103-то место во светот, односно сме на листата на небезбедни држави по однос на справување со епидемијата. И самите граѓани во Македонија сметаат дека исклучително лошо се справуваме со епидемијата во однос на земјите во регионот кои бележат далеку подобри бројки во однос на Македонија.
Тоа не е доволно за СДСМ да се откажат од идејата да се одржат брзи избори со цел да се намали изборниот пораз и на тој начин да се спаси кариерата на Зоран Заев. Народот гледа дека наместо здравјето и животите на луѓето, битна им е политиката на Заев, Филипче и СДСМ кои пред две недели прогласија нова нормалност.
Во ситуација кога и во СДСМ се создава кластер на заболени, кога носат мерки за карантин на поголемите градови, а нивните функционери заминуваат по викендици и хотели, Заев и Филипче размислуваат само на нивните партиски интереси.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние велиме прво да се победи корона епидемијата, а потоа ќе биде поразена епидемијата на неспособност на оваа власт на Заев и СДСМ која за три години донесе хибриден режим, растечка корупција и криминал и сиромаштија во целата држава.