Пинк ја покажува својата сила додека ужива со своите деца во ден исполнет со забава и авантура во домашни услови – искачување по ѕид со вештачки карпи.
Познатата американска пејачка, која во април објави дека е позитивна на коронавирусот, пронајде нов начин како да се забавува со семејството во затворен простор откако се опорави од вирусот.
Сопругот на пејачката, Кери Харт, во понеделникот на Инстагарм објави видео од нивните авантури во затворено.
„Мама направи одлична работа!“
Во видеото, тригодишниот Џејмисон се движи надолу по ѕидот.