СВР Охрид поднесе кривична пријава против С. Љ. (30) од Шуто Оризари, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
„На 7 април во селото Косел пријавениот ја затекнал оштетената Д. Т. и разговарајќи со неа, пристигнале до нејзината куќа, каде што побарал и добил пари од неа. Додека таа му подготвувала пијалак, пријавениот пребарал во спалната соба и одзел коверт со 550 евра и други пари по што го напуштил местото“, информираат од МВР.
Месецов крадецот бил пронајден на улицата Бекир Али Риза и е приведен.