Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.
Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.
Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.
Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.
„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.
И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.
Заработката била само 60.000 долари.