Вечерва ќе се одржат два концерти во склоп на меѓународната програма Cross Štream, истите можете да ги проследите online преку facebook, youtube и платформата zoom.
Од страна на Kino Šiška, Љубљана, со почеток од 21 часот настапуваат КУКЛА и balans. Потоа ќе следи настап на Blackstate – нов експериментален музички проект креиран од искусниот текстописец-музичар и визуелен уметник Филип Тасевски – Фиц.
Blackstate е нов експериментален музички проект креиран од искусниот текстописец-музичар и визуелен уметник Филип Тасевски – Фиц. Танцувачки грув со хардкор/панк корени.
КУКЛА е самопрогласена словенскa гангста-гејша поп-уметничка. Пеејќи главно за оружјето и љубовта, КУКЛА константно се бори со себеси и со надворешниот свет. Нејзиниот поп-звук го доловува нејзиниот пол, непотврдувајќи ја западната младина, додека сè уште се држи до посебната словенска интроспекција и фатализам.
Очиглена е сличноста со српските пејачки од ерата на Милошевиќ и гест кон божиците на R&B од американската ера на Буш. На сцена го спушта гардот, го збогатува нејзиниот карактеристичен звук со блескави визуелизации и го остава срцето на тацна.
Balans
Нојс-поп, импровизациски краут и етерични дарквејв се спојуваат во лоу-фај баланс. Совршено хаотичен фокус на љубљанското арт-дуо создадено од Кристин Чона и Андреј Первање. Нивниот експериментален аудиовизуелен настап со хипнотички ритам на гитарите, ретро матрица и провокативно пеење за баналноста на секојдневието, често е придружен од озвучен плач и остри свирежи. Нивното неконвенционално музичко истражување може да се види на нивните четири албуми. Последните два, “bunkerpop” (2017) и “kva je s tabo” (2018), издадени од ШОП рекордс, заедно со турнејата од концертниот циклус на Радио-Тутудент Клубски Маратон ги прави Баланс еден од најистакнатите претставници на локалната подземна сцена.