Ова е заклучокот на денешната средба меѓу министрите на двете земји остварена во Србија, која е прва на вака високо ниво по олабавувањето на мерките од пандемијата со коронавирусот.
Дачиќ за утре најави нова билатерална средба, овојпат во Ниш, со својот колега од Македонија, Никола Димитров на која би станало збор за отворањето на границите. Покрај тоа српскиот министер за надворешни работи ќе патува во Грција и во Италија и ќе разговара на оваа тема, а во Белград ќе го чека и рускиот колега Сергеј Лавров.
Отворањето на границите во регионот според српскиот министер Дачиќ треба да биде координирано со соседните земји. Тој потсети дека Србија веќе донела одлука да ги крене рампите на своите гранични премини без задолжителните тестови и мерките за карантин.
Таква одлука донела и БиХ, а со Црна Гора на оваа тема немаат напредок во разговрите. Кои ќе бидат протоколите да се патува во Хрватска сеуште не се познати. На оваа тема ќе разговара и со колегата во Романија.