Во Србија регистрирани 69 новоинфицирани од коронавирусот

Во Србија денеска се направени 5.239 тестови за коронавирусот, од кои 69 се позитивни.

Со тоа вкупниот број на направени тестови кај северниот сосед порасна на 282.049, додека од нив вкупно 11.965 се позитивни.

Нема нови починати, а вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата изнесува 250. Моментално во Србија има 447 активни случаи на Ковид-19, а на респиратор се 15 пациенти,

Треба да знаете
Последни објави