Елтон Џон ѝ помогнал на својата поранешна девојка кога била во неволја

Музичарот Елтон Џон со години е во брак со Дејвид Фурниш со кого има два сина, а сега во јавноста се дозна дека ѝ помогнал на својата поранешна девојка.

Иако долго време е во љубов со маж, пред 5 децении Елтон имал девојка, Линда Ханон, на која ѝ помогнал кога се нашла во неволја.

Тие биле во врска во седумдесеттите и таа била инспирација за неговата песна Someone saved my life. Кога во лекарската ординација дознала дека ѝ е потребна операција, вградување вештачка чашка на коленото, Линда му се обратила на Џон.

„По долго размислување, му испратив имејл на менаџерот на Елтон. Вклучив и неколку детали на кои само тој се сеќава, поврзани со нашиот однос“, изјави Линда за британските медиуми.

Кога таа му се обратила за помош, Елтон бргу ѝ се јавил и ја платил нејзината операција, пренесува „Сан“.

По врската со Линда, Елтон беше во брак со Рената Блауел во текот на осумдесеттите години, но тие се разведоа во 1988 година и потоа тој објави дека всушност ги сака мажите.

Елтон е во врска со Дејвид од 1993 година и ги имаат 7-годишниот Илајџа и 9-годишниот Захари.

Треба да знаете
Последни објави