Камил Готлиб сѐ попопуларна на Инстаграм

Камил Готлиб можеби не е славна како нејзината мајка или како баба ѝ, кои светот ги помни како принцези од Монако, но, според многумина, и девојката од третата генерација, успешно се бори за своите „пет минути слава”.

Се работи за внуката на глумицата Грејс Кели и ќерка на принцезата Стефани со нејзиниот телохранител Жан-Рејмон Готлиб, кој, меѓу другото, ѝ бил и ски-тренер.

Принцезата Стефани долго време не откриваше пред јавноста кој ѝ е татко на Камил, оти претходно веќе имаше две деца со друг нејзин телохранител – Даниел Дукре. Но, Камил е доста приврзана за татко ѝ и често говори за него на Инстаграм.

Новата ѕвезда на социјалните мрежи, Камил, меѓу другото, е и посветена хуманитарка. Имено, таа е иницијатор на образовна програма чија цел е да ги предупреди младите за опасноста од возење под дејство на алкохол.

Треба да знаете
Последни објави