Кајли Џенер сподели видео со Сторми откако ѝ беше одземен статусот милијардерка

Кајли Џенер од семејството Кардашиани, на која неодамна „Форбс“ ѝ го одзеде статусот на најмлада милијардерка во светот откако откри дека таа всушност не располага со десетоцифрен капитал, уживаше во мрзлив понеделник со ќерката Сторми.

Се чини дека сопственичката на „Кајли козметикс“, која многумина ја нарекуваат бјути могул, добро се справува со бранот негативни коментари на медиумите особено печатените, со помош на своето семејство.

Таа во понеделникот сподели симпатично видео во инстаграм-приказна од својот дом, додека ужива мрзлив ден со ќеркичката Сторми.

22-годишната Кајли изгледа опуштено во удобна розова бањарка, додека седи на кауч со малото дете кое ѝ лежи на градите.

Треба да знаете
Последни објави