Не се знае кога ќе заседава Советот за безбедност, ниту дали ќе има нова лидерска средба

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека засега нема најави кога ќе се одржи вообичаената седница на Советот за безбедност пред завршувањето на тековното продолжение на вонредната состојба – в недела на 14 јуни, oбјави „360степени.“

Иако последните најави од Владата и од владејачкиот СДСМ беа дека веќе нема простор за продолжување на вонредната состојба и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јули, засега, како што потврдуваат од кабинетот на Пендаровски, нема најави ниту за нова лидерска средба.

Треба да знаете
Последни објави