Шабановиќ: Влегуваме во клучниот период во борбата против коронавирусот

Во прилог е интегрален текст и видео од обраќањето на Елвир Шабановиќ, советник во Советот на општина Центар од редовите на СДСМ.

„Почитувани граѓани,

Влегуваме во клучниот период во борбата против коронавирусот. Сега е најважно, секој од нас, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита.

Eдинствената причина зошто имаме нов пик на вирусот е непочитувањето на мерките, а тоа потврдува дека само ние самите со нашето однесување може да го спречиме ширењето.

Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик.
Инситуциите нема да можат сами ништо без наша поддршка. Затоа, ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако не го сториме тоа, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние.

Едноставно е, или сега ќе воведеме целосна контрола врз епидемијата или уште долго време ќе се бориме со ризиците. Убедени сме дека ќе успееме заедно да го совладаме невидливиот непријател. Затоа, сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го заштитиме нашето и јавното здравје.”

Треба да знаете
Последни објави