Србија и наматму се соочува со временски неприлики. Синоќа настрада Горни Милановац каде 25 минути паѓал град и уништил речиси се, а денеска напладне невреме проследено со силен дожд и грмотевици го зафатил регионот околу Брус, каде од електричните празнења убиено е стадо од 28 овци.
За врме на невремето и громовите стопанот на стадото и неговото семејство биле во близина на ударот од громот, но за среќа поминале без последици.
РХМЗ на Србија излезе со предупредување дека во наредните два часа че следува нов бран невреме со пороен дожд и грмотевици во Колубарскиот и Мачванскиот регион.