ВМРО-ДПМНЕ: Платежната картичка е чист поткуп, јавноста не знае како и на кого ќе се дели

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Нина Ангеловска

„Зоран Заев и Нина Ангеловска вршат класичен предизборен поткуп со таканаречената платежна картичка. Јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. Наместо таканаречени социјални мерки Владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките на владата се задоцнети и не се никаква помош.

ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците. Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

 

Треба да знаете
Последни објави