Вучиќ и Дачиќ молчат за провокацијата од нивниот „другар“ Орбан со картата за „голема Унгарија“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан откри спомен плоча со картата на „голема  Унгарија“ во чиј состав се најде и Војводина. Ова не е првпат Орбан да искажува територијални претензии кон Србија, но уште еднаш на ваквите провокации не се огласија српските челници кои во некои други ситуации се веднаш гласни и имаат што да кажат, пренесуваат медиумите кај севрниот сосед.
Коментирајќи ја спомен плочата која ја откри Орбан, српскиот премиер за надворешни работи Ивица Дачиќ порачал дека неговата земја тоа не го доживува како закана за територијалниот интегритет, наведувајќи дека двете соседни земји никогаш немале подобри одоси.

-Не верувам дека било кој чекор на Орбан бил непријалтелски насочен кон Србија. Овие денови им е годишница од некои случувања. И ние кога се сеќаваме на минати времиња ако покажеме карта од Душановото време некого навредуваме – возвратил Дачиќ.

Медиумите на ваквата реакција го поставуваат прашањето какви ли би биле тогаш односите меѓу Србија и Унгарија доколку нивниот северен сосед не покажаува територијални претензии како со овој испад со картата. Српските медиумите се прашуваат зошто молчи и претседателот Александар Вучиќ, кој заедно со Дачиќ знаат да бидат многу гласни и остри во реториката кога вакви настапи би имале нивните колеги од Албанија или Хрватска.

 

Треба да знаете
Последни објави