Грациозна подводна фотосесија на трудницата Бернис Чао

Документирање на малиот пакет на радост уште од самиот почеток е една од најневеројатните работи на кои една идна мајка може да им се радува.

А сега, кога Бернис Чао, сопруга на Џејсон Хсу од тајванкиот машки бенд 5566, го очекува своето прво дете, направи подводна фотосесија за да ги сними скапоцените моменти со своето малечко.

Инспирирана од нејзината љубов и почит кон морето, тоа беше совршено опкружување за 33-годишната Чао.

И покрај тоа што е во 7-от месец од бременоста, Чао се чини дека со леснотија лежи под вода во бикини и со опрема за нуркање.

Се чини дека нуркањето не ѝ е непозната работа, бидејќи таа го прави тоа секој мај и јуни, пренесува „Епл Дејли“.

Чао ги споделува овие прекрасни интимни моменти во низа објавувања на својата инстаграм-страница уште од мај.

Во најновата објава таа ја опишува убавината на животот и природата што ги доживува во тој момент, заблагодарувајќи им се на оние кои ја придружуваат во завршните месеци од нејзината бременост.

Треба да знаете
Последни објави