Емануел Макрон го осудува расизмот како „предавство на републиканскиот универзализам”

Шефот на француската држава Емануел Макрон ги осуди „расизмот и дискриминацијата”,како „болест која го погодува целото општество”, јави дописникот на МИА.

Позицијата на Емануел Макрон по ова прашање се очекуваше и беше барана од опозицијата по смртта во САД на Џорџ Флојд, која во Франција го оживеа спорот за околностите на смртта во 2016 година на Адама Траоре, при апсењето од жандармите, како и обвиненијата за насилство и расизам против полицијата.

Емануел Макрон на денешниот министерски совет во Елисејската палата изјавил дека, „расизмот и дискриминацијата, ова зло е предавство на републиканскиот универзализам” и „болест која го погодува целото општество”, рече портпаролот на влада, Сибет Ндијае.

Францускиот претседател притоа „повика да нема попуштање по ова прашање” и да „се засили акцијата” против расизмот.

Во врска со протестите во знак на сеќавање на Џорџ Флојд и против полициското насилство, тој исто така „инсистираше да не се прифаќа било каков амалгам, потенцирајќи дека огромното мнозинство на полицијата не може да се извалка”, додаде Ндије. 

Треба да знаете
Последни објави