Постојаните претставници на 27 земји-членки на ЕУ се согласија да ги продолжат за уште една година санкциите против Крим и Севастопол во согласност со политиката на непризнавање на повторното обединување на полуостровот во Црното Море со Русија, изјави извор во Советот на ЕУ за ТАСС.
„Амбасадорите се согласија да ги продолжат санкциите за една година, до 23 јуни 2021 година“, соопштил изворот.



