Еврокомесарката за правда Вера Јурова денеска изјави дека реакцијата на социјалната мрежа Твитер, на твитовите на американскиот претседател била правилна, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претседателот на САД пред неколку дена двапати беше опоменат од страна на службите за проверка на факти и на кодексот на однесување на социјалната мрежа. Едниот твит кој се однесуваше на „измамите” поврзани со „гласањето преку пошта” беше обележан како потенцијална дезинформација на мрежата. Опомената беше придружена со линкови до фактите на оваа тема.
Твитер го опомена американскиот претседател и поради ширење повици за насилство.
Европската Комисија денеска ја поздрави реакцијата на социјалната мрежа и оцени дека таа беше правилна бидејќи твитот на беше избришан.
-Ја поздравувам реакцијата на твитовите на Трамп, тие не ги избришаа твитовите, туку ги промовираа фактите, изјави еврокомесарката за правда Вера Јурова, одговарајќи на новинарско прашање.
Европската Комисија денеска ја презентираше својата стратегија за борба против дезинформациите во време на пандемијата.