Епидемијата од корона вирус за едно деноноќие однесе уште еден живот, а 87 наши сограѓани се ново заразени. Само од почетокот на јуни во Македонија има 1.016 нови заразени и 24 починати, а на Заев и Филипче приоритет им се брзи избори наместо здравјето и животите на граѓаните. За да ја спасат политичката кариера на Заев и да избегнат катастрофален пораз подготвени се и покрај вакви бројки да прогласат најнова нормалност. Тоа само покажува дека Заев ја губи битката со епидемијата, а граѓаните за жал поради неговата неодговорност губат здравје и животи.
Македонија е на 103-то место во светот според справувањето со корона епидемијата. Над половина од граѓаните сметаат дека владата лошо се справува со кризата, споредено со регионот. Македонија е земја рекордер на Балканот по заболени и починати на еден милион жители.
Ова се поразителните факти и бројки кои Заев и СДСМ не сакаат да ги видат. Тие тераат кампањи, создадоа дури и кластер во самата партија од заразени, ги изложуваат на ризик здравјето и животите на луѓето, само и само да ги остварат своите тесно партиски интереси.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата со корона, а потоа ќе ја победи на избори епидемијата од неспособност, сиромаштија, криминал и корупција која ја донесе тригодишниот хибриден режим на Заев.