Интегрален текст од изјава за медиуми на Дарко Костовски
„Зоран Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави, дека ги изградил во Македонија. Зоран Заев камен на камен нема изградено во периодот од повеќе од три години колку што е власт. Државата буквално стагнираше изминативе години со него и СДСМ.
Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага. Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните.
Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага. Македонија е во полн ек на криза, а државата освен што се задолжува и ништо друго не прави.
Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже дека сме ја победиле и короната, а само два дена потоа се соочивме со најголемиот пик од почетокот на пандемијата.
Се што кажа Заев излажа. Заев треба да се извини и за лагата, но и за неговата неработа, како и за криминалот, корупцијата и сиромаштијата во кои ја потонаа Македонија.
СДСМ веќе не знае во која насока ја движи државата.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.