Макрадули: Со поддршка на Планот за чист воздух, во општина Градско подобрена е енергетската ефикасност во три јавни објекти

Продолжуваме со реализација на мерките и активностите содржани во Планот за чист воздух, и покрај вонредните услови за работа, заради справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.

Денес, во светот, не постои план за закрепнување од пандемијата на Ковид 19, којшто како приоритет не ги вклучува енергетската ефикасност и промената на нееколошкиот начин на затоплување на јавните објекти.

Заложбата за подобрување на енергетска ефикасност во јавните објекти, денес ја покажуваме во општина Градско, каде целосно е завршена замената на надворешната столарија на три такви објекти.

За таа цел, денес, заедно со градоначалникот на општина Градско, Роберт Башовски, ги посетивме објектите каде е извршена замената, и тоа:

1.  Административна зграда на општина Градско;

2.  Старото училиште на ООУ “Даме Груев” во Градско (каде што се одвива наставата за првачињата);

3.  Амбуланта во с. Виничани.

Сите анализи покажуваат дека со спроведувањето на ваквите мерки штедиме енергија, ги намалуваме трошоците за 30-35% и придонесуваме за чиста и здрава животната средина.

Вложуваме во зелени, чисти инфраструктурни проекти, насочени кон заштита и подобрување на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави