Меѓународна парламентарна стипендија на германскиот Бундестаг

Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува 120 стипендии на дипломирани младинци од 42 земји за учество во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлучување и да стекнат практични искуства во областа на парламентарното работење.

Програмата ИПС трае вкупно пет месеци и ќе се реализира од 1 март до 31 јули 2021 година, а суштината е 15 неделна пракса кај еден пратеник на Германскиот Бундестаг.

За стипендијата може да конкурираат сите дипломирани младинци до 30 години со добро познавање на германскиот јазик најдоцна до 31 јули 2020 година.

Апликациите се доставаат исклучиво по електронски пат до Амбасадата на СР Германија на info@skop.diplo.de, а повеќе информации се достапни тука.

Треба да знаете
Последни објави