Некогаш познатиот супермодел Џенис Дикинсон (64) честопати се шета со својот сопруг Роберт Гернер (71), при што предизвикуваа чудење во јавноста поради изгледот на лицето.
Џенис се прошета со својот сопруг и нивните две кучиња во паркот во Лос Анџелес. Поранешната манекенка со шапка и очила за сонце го криеше лицето, кое го нагрди со пластични операции.
Таа носеше фустан, а имаше и еспадрили на нозете, а додека седеше на клупата со Роберт, во еден момент ги крена нозете, така што ја покажа долната облека. Нејзиниот сопруг носи долги панталони, карирана кошула и капа.
Џенис беше најплатената манекенка од 70-тите години, но потоа го уништи лицето поради нејзината опсесија со пластичната хирургија. Од 2016 година таа е во брак со Роберт, психијатар, кој ја изгуби работната дозвола бидејќи почнал врска со пациент.