Некогашниот холивудски пар Мелани Грифит и Антонио Бандерас не се заедно неколку години но тоа не ги спречува да одржуваат постојано комуникација, поготово кога станува збор за нивната ќерка.
Иако поранешната двојка се разведе во 2015 година тие останаа блиски. Антонио (59) неодамна изјави дека Мелани (62) секогаш ќе бидат дел од неговиот живот „затоа што споделиле многу прекрасни години и ја имаат прекрасната ќерка Стела заедно.“
„Мислам дека и двајцата не сакаме да закопаме 20 години брак,“ вели актерот во интервју за „Ел брејк де лас 7“. Ние сме човечки суштества, правиме грешки и тоа е човечката состојба.“
Актерот Зоро додаде: Треба да го оставите егото настрана и да престанете да се обидувате да докажувате дека имате право или дека другиот е виновен за нешто.
„Затоа што можеби сте виновни двајцата или ниеден од вас. Доаѓа момент кога работите се готови и вие мора да го прифатите тоа.“
„Животот што го имав со Мелани беше убав“, рече актерот кој се вљуби во ќерката на Типи Хедрен од „Птици“ на славниот Алфред Хичкок, кога играа во филмот Two Much заедно со Дарил Хана (1996 година).
„Имавме 20 прекрасни години во текот на кои дадовме се од себе и проживеавме прекрасни моменти што нема да ги заборавам “, додаде Бандерас кој со Мелани во септември 1996 ја дочекаа ќерката Стела, која сега има 23 години.