СДСМ и власта на Заев ја злоупотребија вонредната состојба и вршеа поткуп  со што  директно го загрозија здравјето на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„Наместо лаги и манипулации СДСМ да се зафати со работа и да се справи со здравствената и економска криза. СДСМ очајно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност да се справат со епидемијата од корона вирусот и нивната неодговорност. Додека тие се занимаваат со манипулации Македонија го достигна  врвот  заразени и  починати и е рекордер на Балканот по смртност и заразени на милион жители. Костадин Костадинов и СДСМ кластерот во време на светска пандемија вршат поткуп и ја шират заразата помеѓу граѓаните.

Додека Филипче манипулираа со бројките и тестовите, власта носи  небулозни мерки кои имаат контра ефект и кои самата не ги почитува. Шилегов и Шекеринска во ек на корона криза правеа забава во Маврово во  луксузни вили  откако ги затворија Скопјани во карантин.

Костадин Костадинов следен пат кога ќе зборува за режим нека ги прочита извештаите на „Форбс“. Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот.

Костадинов пред да шири лаги нека ги  провери  официјалните извештаи каде што секаде сме на дното на листите. Со  СДСМ и Зоран Заев на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.

Буџетот е  празен,  мерките за поддршка на бизнис секторот и стопанството задоцнети  и ненавремени, а власта на Заев си дели милиони евра на свои невладини организации во време на корона криза. Власта на Заев единствено мисли како  да ги сочува  своите бизнис интереси. Конструкциите на СДСМ и лагите на Костадинов  нема да го покријат фактот дека се неодговорни и неспособни и дека хибридниот режим на Заев за овие три години донесе криминал, корупција и осиромашување на народот.

 

Треба да знаете
Последни објави