Спировски им се придружува на Тричковски и Мојсов во АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски кој сезонава настапуваше во Израел, ќе се пресели во Кипар. Спировски во новата сезона ќе го носи дресот на АЕК Ларнака, каде настапуваат Иван Тричковски и Даниле Мојсов. Кипарскиот тим потврди дека договориле две годишна соработка со македонскиот репрезентативец.
За Спировски, настапот за кипарскиот АЕК Ларнака ќе биде петтиот клуб во неговата интернационална кариера. Претходно играше Борац Чачак, Берое, Ференцварош и Хапоел Тел Авив.
Во Македонија, кариерата ја почна во 2007 година во Пелистер, а ги бранеше боите и на Работнички и на Вардар.
За репрезентацијата на Македонија има одиграни 31 натпревар и има постигнато еден гол.
Спировски во АЕК ќе го пречекаат сонародниците Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Треба да знаете
Последни објави