Стаменковска Стојковски: Манчевски, пораката е една а ти се обидуваш да ја релативизираш и политизираш

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски објави реакција на денешната Фејсбук објава на министерот Дамјан Манчевски на темата за неподготвеноста и пропустите од страна на раководните лица да ги заштитат вработените во јавната администрација од Ковид-19 и недоследната примена на Законот за безбедност и здравје при работа, протоколите и заштитната опрема во институциите од јавниот сектор.

„Дамјан Манчевски, пораката е една а ти се обидуваш да ја релативизираш и политизираш, својствено за функционер на СДСМ и Зоран Заев. Имено, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа, протоколите, лична и колективна заштитна опрема! Не треба да ги прикривате и охрабрувате неспособните функционери на СДСМ и јасно треба и од Ваша страна да се упати истата порака односно, сите кои не ги почитуваат законите и не ги заштитуваат вработените во јавниот сектор треба да се санкционираат и превземат одговорност.

Да ве потсетам оваа Влада на СДСМ бараше граѓаните да бидат казнувани! Зошто функционерите на СДСМ да не бидат санкционирани за тоа што не го штитат здравјето на вработените а со тоа и на граѓаните!⁉️ Оваа е таа “не селективна борба” со пандемијата, да се казнуваат граѓаните но не и функционерите на СДСМ ⁉️ Манчевски, дали знаете дека се уште во зградата на Нова Македонија каде што е сместено МИОА и бројни институции нема топломер и стручно лице пред влез во зградата, немате поставено ни некој вид дезинфекциона подлога пред влезот на зградата⁉️ Или немате пари во буџетот ⁉️ За почеток, најдете доблест да се извините и  превземете одговорност. Така искрено ќе покажете дека се грижите за вработените, за граѓаните и дека работите за надминување на пандемијата. За жал, досега сведочиме само на мрачна бројка од повеќе од 3.000 лица дијагностицирани од Ковид-19 во Македонија. Затоа одговорност веднаш мора да има, вели Стаменковска Стојковски

Треба да знаете
Последни објави