Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе има список со предлози за реформа во полицијата што може да се постигне преку комбинација на извршни и законодавни активности. Дел од нив се совпаѓаат со предлозите на демократите, јави Фокс Њуз.
Потенцијалните активности за спроведување ќе бидат преземени во Министерството за правда и ќе се спроведат во соработка со силите на редот и законот и водачите на локалните заедници.
Претставник на законодавството е сенаторот Тим Скот, а на состанокот со него во Белата куќа присуствуваа и шефот на кабинетот на претседателот, Марк Медоуз, и постариот советник Џаред Кушнер, како и полицискиот советник Џером Смит.
Според медиумот, приотитет ќе биде ставен на заштитата на граѓаните, но не така што рацете на полицијата да и се врзани.