Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира шест оздравени пациенти и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина пациент од Скопје (79 г.) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66 г.) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54 г.) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46 г.), која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 Септември” почина пациентка од Скопје (77 г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73 г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Скопје е од Куманово. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1461, активни 844
• Куманово 573, активни 155
• Дебар 53, активни 2
• Штип 225, активни 186
• Прилеп 220, активни 26
• Тетово 312, активни 145
• Струга 109, активни 34
• Велес 145, активни 27
• Битола 30, активни 3
• Охрид 45, активни 28
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 52, активни 30
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 2,
• Пехчево 3,
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 4, активни 2
• Ресен 1, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.019 теста се преку: ИЈЗ –288 , ЦЈЗ Скопје-33, Авицена –116, Биотек -137 , Клиника „Жан Митрев” –213, Систина со PCR метода –80 и МАНУ -152. Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември” примени се 15 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
• Чаир- 195
• Бутел- 72
• Центар- 71
• Аеродром- 67
• Гази Баба- 66
• Карпош- 64
• Сарај- 58
• Кисела Вода- 39
• Ѓорче Петров- 26
• Студеничани- 24
• Арачиново- 24
• Шуто Оризари- 21
• Илинден- 19
• Петровец- 6
• Чучер Сандево- 3
• Сопиште- 2
• Странец- 2.