Непријатно е чувството кога гледате како еден политички субјект прoизлезен од војната кој имаше за цел постигнување на рамноправност и државотворност на Албанците во државата, после 18 години да заврши на еден „сон“ за премиер, реагираат од Алтернaтива, на кампањата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за премиер Албанец.
„Функциите се симболични додека содржината е суштинска. Пред да имаме премиер треба да постигнеме рамноправност во која премиерот би бил симболика на постигнатата рамноправност, а не заблуда за една постојана нерамноправност. Кога сме кај сништата, ние сакаме Албанците во Македонија да се граѓани на држава во која ќе живеат живот со највисок квалитет на живеење од сите држави на Балканот, а зошто да не и во Европа. Сакаме да изградиме универзитети од кои ќе извира знаење од која ќе придобијат сите земји од регионот. Сакаме во оваа држава да се произведе висока култура, државата да биде едно место со модерна инфраструктура и со многу квалитетно здравство, ние сакаме да изградиме држава во која другите би дошле да работат, студираат и живеат тука, а не држава од која се бара начин како да се избега што побргу, како што е тоа денес“, пишува во соопштенито.
Кога сме веќе многу блиску до предизборната кампања, додаваат од партијата, секоја произнесена идеја се става во корелација со изборите и затоа секој ваков обид се сфаќа несериозно и неискрено.
„Албанците во пресрет на овие избори треба да се определат помеѓу убавите сништа и реалната платформа која нуди промена и надеж за развој кој има за цел да постигне многу повисоки цели отколку сништата за една политичка функција“, велат од Алтернaтивa.