Белгија бара расправа за статуите на кралот Леополд Втори

Државниот секретар за урбанизам и наследство во бриселскиот регион на Белгија, Паскал Смет денеска повика да се поведе расправа за тоа што да се прави со статуите на белгискиот крал Леополд Втори, бруталниот колонизатор на денешната Демократска Република Конго, кои беа оштетени од антирасистички демонстранти.

Статуите на монархот, чии војници убиле милиони луѓе, беа срушени или испрскани со спреј на демонстрациите предизвикани поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, што се претвори во глобален протест.

Смет рече дека во расправата треба да бидат вклучени и експерти и луѓе со африканско потекло.

– Ни треба време, но не премногу, затоа што секогаш постои опасност во ваков вид дебата никогаш да не престанете да зборувате, заклучи Смет

Треба да знаете
Последни објави