Сеуште актуелниот европски ракометен првак во машка конкуренција Вардар заедно со екипите на ППД Загреб, Барселона, Кијелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ обезбедија директен пласман во новиот формат од Лигата на шампионите, соопшти ЕХФ.
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер е на листата на чекање. Негови конкуренти за добивање на вајлд-карта за настап во елитното натпреаврување се: ПИК Сегед, Висла Плоцк, Адемар Леон, ГОГ, Нант и Спортинг Лисабон како второпласирани во нациионалните првенства, а имаат конкуренција и од шампионите Бешикташ, Мотор Запорожје, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест.
ЕХФ до 19 јуни треба да одлучи кои шест екипи ќе добијат дополнителна шанса да бидат дел од ЛШ.