Војници од Националната гарда се позитивни на Ковид-19 во екот на протестите

Некои војници на Националната гарда распоредени на протестите во Вашингтон се покажаа позитивни на Ковид -19, изјавија официјалните лица во период кога високи членови на Работната група за коорнавирус во Белата куќа ги предупредуваат гувернерите за евентуално зголемување на заразата поврзано со демонстрациите низ целата земја, пренесува „Њујорк пост“.

Војниците се меѓу 1.300 припадници на Националната гарда на Вашингтон кои од 31 мај беа повикани да помогнат во спроведувањето на законот на протестите против полициската бруталност во главниот град, соопшти портпаролката.

Таа не кажа колку војници се позитивни на вирусот, но американските официјални претставници изјавија за „Асошиејтед прес“ дека веруваат оти во моментов нивниот број не е голем.

Веста следува по извештаите дека двајца припадници на Националната гарда на Небраска кои биле активирани да одговорат на протестите во Линколн, исто така, се позитивни на Ковид-19.

Околу 5.000 војници беа во Вашингтон поради граѓанските немири, при што на гардата на Вашингтон ѝ се придружија гардисти од 11 држави: Флорида, Ајдахо, Индијана, Мериленд, Мисури, Мисисипи, Њу Џерси, Охајо, Јужна Каролина, Тенеси и Јута. Повеќето не носеа маски и беше претежно невозможно да се одржи социјалното дистанцирање за време на протестите.

Неколку здравствени службеници – вклучително и врвниот експерт за заразни болести во земјата, д-р Ентони Фаучи – стравуваат дека масовните протести предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, може да резултираат во нови пикови на вирусот.

Д-р Дебора Биркс, координатор на Трамп за реакција на коронавирусот, во понеделникот ги пренесе стравувањата од зголемено ширење на заразата во разгворот со гувернерите. Во повикот, чие транскрит протече до медиумите, Биркс вели дека администрацијата загрижена оти демонстранти ќе ги негираат здравствените придобивки од носењето маска.

Таа, исто така, предупреди дека уништувањето на местата за тестирање во текот на протестите може да ги уназади напорите за контрола на пандемијата, советувајќи ги гувернерите да се погрижат да има тестирање на располагање во урбаните области.

Треба да знаете
Последни објави